Прв ден од најголемиот е-спорт настан во Македонија, А1 Game Fest 2022
Организиран од А1, а во соработка со GG.MK, се случи на 29 и 29 октомври, во трговскиот центар Скопје Сити Мол. Изборот на игри падна на FIFA23 како спортска симулација, Tekken 7 како fighting game, Reality Awakens како полу-реална симулација, Clash Royale во мобилниот сектор и Dota 2 за MOBA. Овој ден имавме и бордгемј турнири како и Cosplay натпревар.
Овој пат на огромно задоволство вклучивме 4 најпопуларни стримери во Македонија и тоа Steffonator, Drenix, s1cko00 и TheGamerTeacher кои стримаа во живо двата дена.
Фондот на награди за победниците традиционално и оваа година е зголемен. Направивме 200 гивавеи за гледачите на стримот и присутните, вклучувајки е-скутер, телевизор, мобилни телефони, таблет, гејмерски мауси и слушалки, Nintendo Switch, тастатури и А1 Game Fest маици.
Настанот онлај го следеа повеќе од 15.000 гледачи и исто толку продефилираа на локацијата во двата дена.