Финалето од cosplay натпреварот на Vip Game Fest 18 одржан на 23.12.2018.
Инфо за турнирот:
Чујте и почујте!!!
Најголемиот косплеј настан досега во Македонија ни доаѓа на 23 декември на Vip Game Fest 2018!
Ги покануваме сите косплеери и косплеерки, како и оние кои досега не се пробале на ваков евент, да го облечат своето најубаво руво и да се покажат во најјако светло.
Учеството е БЕСПЛАТНО!
Се што треба да направите е да се пријавите на линкот, да ги подготвите маските, а за вашиот труд ќе бидете богато наградени!
Натпреварот ќе се одржи на 23 декември (недела) со почеток во 12 часот на пладне. Маските ќе бидат претставувани на бина, пред публика, а тричлено жири ќе ги одбере најдобрите три маски кои ќе ги добијат главните награди.
НАГРАДИ!!!
Прво место - 200 евра
Второ место - 150 евра
Трето место - 100 евра
+ секој учесник на натпреварот ќе добие специјална маичка
Организатори на настанот се Гораст Цветковски и Самоил Петрески.