GTA 6 ја откажаа за догодина, тоа е што да правиме, ќе трпиме година дена... Но сепак нешто што е излезено веќе некое време е една многу интересна игра што е „Мејд ин Македонија“. Се работи за играта „Chasmal Fear“ од студиото MystiveDev.
Вечерва на гости го имаме еден од браќата и еден од креаторите на играта, Боби Мојсовски со кој што ќе влеземе во повеќе детали за целиот процес на креирање на играта. Но дополнително ќе разговараме и за интересниот документарен серијал кој што го креираа со една прекрасна екипа.
Но малку настрана, ќе преминеме и на игри креирани од други земји, како што се Borderlands 4, Wuchang: Fallen Feathers, Dune: Awakening... И уште многу други...
Премногу работи ќе се зборат вечерва, како ќе се постигне никој не знае!!!
Спремете се за неколку часовно патување низ светот на игрите!
📍 Локација: WWW.GG.MK
⏳ Време: 21:00h
🍔 Храна: По ваш избор, но обавезно Кока Кола ЗЕРО!