Викендов заврши прекрасниот маратон од Глобал Гејм Џем Скопје 2025 каде голем број на учесници се собраа во прекрасниот простор на Base42 и 3 дена активно уживаа во многу храна, пиење, дружба... па и по некоја игра се направи 🎮🕹
Главниот фокус оваа епизода ќе биде посветен кон ГГЏ Скопје 2025 каде што ќе се збори за сите искуства, сите игри кои што беа направени, планови за во иднина и многу повеќе 💾
Официјално пристигнаа сите рецензии и бенчмаркови за новите RTX 5090 графички, ќе можеме убаво да утврдиме дали мора да направиме појачување што е можно побрзо или ќе ја чекаме повторно следната генерација 😎
Спремете се за неколку часовно патување низ светот на игрите!'
📍 Локација: WWW.GG.MK
⏳ Време: 21:00h
🍔 Храна: По ваш избор, но обавезно Кока Кола ЗЕРО!